Лидерот на романската владејачка партија под нова истрага за корупција
Романската Канцеларија за борба против корупцијата соопшти дека отворила нова истрага против лидерот на владејачката Социјалдемократска партија (ПСД), Ливиу Драгнеа, под сомнеж за проневера на средства од ЕУ.
Обвинителството соопшти дека Драгнеа е осомничен за формирање организирана криминална група и фалсификување документи за илегално повлекување средства од европски фондови.За истиот случај биле испитувани повеќе од осум лица.
Иако раководи со ПСД, Драгнеа не можеше да стане романски премиер поради пресудата за изборна измама.
Најновите обвиненија се однесуваат на средствата од еврофондовите земени во периодот од 2001 до 2012 година, кога Драгнеа го предводеше Советот на округот Телеорман во јужна Романија.
Во јануари неговата Социјалдемократска партија се обиде да ги декриминализира некои случаи на злоупотреба на службената должност, предизвикувајќи најголеми протести во земјата по оадот од власта на Николае Чаушеску.
Во октомври партијата достави предлог-законот за судски реформи во Парламентот.
Ново на Сител
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно