Лидерот на ИД ги повика своите борци да се повлечат во планините на Сирија и Ирак

Лидерот на Исламска држава (ИД), Абу Бакар ал Багдади ги повика борците на џихадистичката група да се повлечат во планинските реони на Сирија и Ирак пред офанзивата на ирачката армија и меѓународната коалиција во Мосул, објави телевизијата „Ас Сумарија“, повикувајќи се на локален извор.
Според изворот, ваквиот повик на Багдади, кој тој го нарекол „проштална проповед“, би можел да значи дека ИД почнала да ги губи своите позиции во провинцијата Ниневија, чиј главен град е Мосул.
Копнената операција на ирачките сили за преземање на Мосул, кој две години беше под контрола на ИД, започна на 17 октомври 2016 година. Пред два месеца ирачката армија соопшти дека целосно го преземала источниот дел на градот. На 19 февруари започна акција за протерување на исламистите од западните квартови, каде живеат околу 750.000 луѓе.
Според ирачкиот министер за миграција Џасим Мохамед ал Џаф за овие десет дена од почетокот на операцијата во западниот дел на Мосул, оттаму се евакуирани најмалку 26.000 цивили, главно возрасни лица, жени и деца.
Ново на Сител
-

Кривична за поранешен градоначалник на Делчево за „злоупотреба на службената положба и овластување“
-

Претрес во Кочани, кај 21-годишна девојка пронајдени три видови на дрога
-

Пиеракакис: Можно е да се соочуваме со најголемата енергетска криза во историјата
-

Турската полиција приведе 83 лица, блокираше 940 сметки и затвори 93 групи поради објави за пукањата во Кахраманмараш и Шанлиурфа
-

Инфантино: Играчите на Иран сакаат да играат на Мундијалот и треба - спортот треба да биде над политиката
-

Мицкоски: Законот за високото образование не е политичко туку државно прашање од кое зависи иднината на земјата
-

ДЗС: Ангелов во Кипар на состанок на директори за цивилна заштита на земјите од ЕУ
-

Муцунски и Прево на утринско трчање низ Скопје
