Лидерот на германските либерали ја обвини Владаѕа на Меркел за клептократија
Лидерот на либералната Слободна демократска партија (ФДП), Кристијан Линднер ја обвини германската владејачка коалиција за лично богатење на сметка на даночните обврзници, јави дописникот на МИА од Берлин.
- Лакомоста на државата добива клептократски карактеристики, изјави Линднер за весникот „Ханделсблат“.
Клептократијата се дефинира како форма на владеење во која државните претставници преку корупција ги користат јавните фондови за лично богатење.
Линднер смета дека ако граѓаните и компаниите не реагираат, годишните даноци во 2020 година ќе бидат за 100 милијарди евра повисоки од тоа што сега го прибира државата на име данок.
Според Линднер, чија ФДП има шанси во септември да влезе во Бундестагот и заедно со блокот Зелени да бидат партнери на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел во нова владина коалиција, потребна е темелна промена на даночната политика.
Позициите на ФДП се дека граѓаните и компаниите до 2020 година треба да имаат даночни олеснувања во висина од 30 до 40 милијарди евра на годишно ниво, со цел да се забрза економскиот раст и да се подобри конкурентноста.
Германскиот министер за финансии Волгфанг Шојбле денеска изјави дека државата годинава ќе прибере 55 милијарди евра повеќе од тоа што беше предвидено со владиниот буџет лани во ноември.
Ново на Сител
-
Приведено момче од Тремник, со остар предмет нападнал неготинец
-
Николовски-Лугалиу: Заедничко делување против секој обид за шверц на Блаце - Елез Хан
-
ЦУК: Седум пожари на отворено во последното деноноќие, се уште не е пронајдено исчезнатото повозрасно лице од село Степанци
-
Леброн Џејмс ја прекина неверојатната серија која траеше 20 години
-
ФЕИТ ги отвори вратите за идните студенти
-
Волкановски го врати УФЦ појасот и го собори рекордот во „перо“ категорија
-
Заедничка вечера на шефовите на дипломатиите од ЕУ и Западниот Балкан во Луксембург
-
Муцунски со бројни билатерални средби на маргините на Анталија Дипломатскиот форум