Лидерката на Хонг Конг, Кери Лем, најави платформа за дијалог со граѓаните
Лидерката на Хонг Конг, Кери Лем, денеска најави дека под итно ќе формира платформа за дијалог со граѓаните и порача дека посебно ќе се посвети на жалбите за односот на полицијата, откако претходниот викенд беа оддржани мирни протести против власта.
- Веднаш ќе почнат активностите за формирање на платформата за дијалог. Се надеваме дека овој дијалог ќе може да биде изграден врз основа на меѓусебно разбирање и почитување за да се изнајде начин за излез (од кризата) за Хонг Конг, рече Лем, пренесува Гардијан.
Таа додаде дека платформата ќе биде „отворена и директна“ и дека владата ќе се обиде да допре до луѓето од сите сфери на животот, со различен политички беграунд.
-Искрено се надевам дека е ова почеток на враќањето на општеството во смирена состојба и оддалечеување од насилствата, рече Лем.
Американските медиуми забележаа дека таа не кажа дека оваа комуникациска платформа биде користена за стапување во контакт со учесниците во протестите.
- Нашата цел е напорно да работиме на решавање на разликите и судирите, да се разбереме едни со други низ комуникација и од овој општествен ќорсокак да излеземе заедно, наведе таа.
Протестите во Хонг Конг, кои се еден од најголемите предизвици за кинескиот претседател Си Џинпинг од неговото доаѓање на власт во 2012 година, почнаа во јуни заради противењето на предлог законот за екстрадиција што овозможува на осомничените лица од градот да им се суди во матичната држава Кина.
Ново на Сител
-
Осумдесетгодишна жена нападната од својот сосед
-
Кибер експерти на украинското МО ги хакирале серверите на руската Дума и Уставниот суд
-
Сити ги осуди расистичките навреди упатени кон Кајл Вокер
-
Намалена видливост поради магла кај патот Маврово - Маврови Анови и планинските превои Ѓавато и Плетвар
-
Трамп сака крај на војната во Украина и во Појасот Газа
-
Без струја утре дел од општините Центар и Карпош, без вода дел од Центар и Гази Баба
-
Полицијата влезе во Судски совет по наредба на ОЈО
-
Јермак: Украина се уште не е подготвена за преговори со Русија за завршување на војната