Лидерите од еврозоната одлучија да и дадат нов заем на Грција

Грција ќе добие нов заем во рамките на третата спасувачка програма, е едногласна одлука која изутринава ја донесоа лидерите на земјите од еврозоната по 17-часовниот состанок во Брисел.
До почетокот на преговорите за таа спогодба Атина ќе добие „преоден заем“, изјави претседателот на еврозоната Јерун Дејселблум.
До крајот на оваа недела грчкиот Парламент треба да го поддржи главниот дел од одлуката, која беше донесена денеска, меѓу која и одвојувањето на фондот од 50 милијарди евра грчка државна сопственост.
Тој фонд ќе биде управуван од надзорен орган, а можностите се дека преку управување на тие активи ќе биде остварен профит, со кој ќе се извршува враќање на долгот. Другата можност е приватизирање на таа сопственост и добиените средства повторно да бидат насочени кон исплаќање на задолженијата кон кредиторите.
Се очекува кон крајот на неделата, по произнесувањето на Парламентот во Атина, одлуката за отпуштање нов заем да биде потврдена и од некои национални парламенти во еврозоната.
Ново на Сител
-

Грчките земјоделци во четврток и петок целосно ќе ги блокираат главните патни правци низ Грција
-

„Њујорк тајмс“: Најмалку 40 убиени во американскиот напад врз Венецуела
-

Уапсени двајца кавадарчани бидејќи украле клупа која припаѓа на општината
-

При ископ на земјиште во гостиварско пронајден цел арсенал оружје и муниција
-

Уапсена 36-годишна жена од Демир Капија, си го истепала сопругот
-

Мицкоски: Проектот Градски воз ќе се гради во три фази, се очекува драстично намалување на користењето на моторни возила
-

Мицкоски: Владата не сака репресивни мерки, но дел од маркетите не се корегираат, ќе има законски измени
-

Кина смета дека САД треба веднаш да го ослободат Мадуро
