Лидер на Ал-Шабаб убиен во американски напад со дрон во Сомалија

Во американски напад со беспилотно летало во Сомалија убиен е клучниот лидер на екстремистичката група Ал-Шабаб, Хасан Али Дор, кој бил вмешан во два претходни напада во Могадишу, соопшти Пентагон, а пренесе Танјуг.
Во тие напади во Могадишу беа убиени повеќе од 30 лица, меѓу кои и најмалку тројца Американци.
Неколку американски претставници изјавија дека се убиени Дор и уште двајца негови соборци, пренесоа американските медиуми.
-Хасан Али Дор беше цел на воздушниот напад изведен во четвртокот, а американската војска се уште ги проценува резултатите од овој напад, соопшти вчера портпаролот на Пентагон, Питер Кук.
Други неименувани американски претставници изјавија дека нападот бил изведен на околу 30 километри јужно од Џилиб, на југот од Сомалија, во близина на границата со Кенија, и дека во нападот биле убиени Дор и уште две лица.
Кук наведе дека Дор помогнал во изведувањето на трагичниот напад за Божик 2014 година на аеродромот во Могадишу, како и во нападот во март 2015 година во хотелот „Мака ал-Мукарамах“, во кои беа убиени и американски државјани.
Дор, како што се додава, бил и член на Ал-Каида и работел за безбедносното и разузнавачкото крило на Ал-Шабаб.
Ново на Сител
-

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, се очекува реизбор на Мицкоски
-

Без вода денеска дел од Пинтија
-

Најмногу дожд во Маврови Анови
-

КФОР: Засилени активности во поддршка на безбедноста низ Косово
-

Заштитниот саркофаг во Чернобил е оштетен од дрон, не ги исполнува безбедносните функции
-

Орбан: ЕУ се дави во корупција
-

Претседателот на Собранието Гаши учествува на Доха Форумот 2025
-

Облачно, насекаде со дожд, магла во котлините
