Фудбал
28. January 2019 - 14:33

Лицето на навивачот на Евертон целосно унаказено: Не можам да се погледнам во огледало

Фудбалската јавност е згрозена од снимките од масовната тепачка на навивачите на Милвол и Евертон во очи на уткамицата од ФА купот.

Џеј Бурнс, кој настрада во тепачката, сподели вознемирувачка фотографија два дена покасно.

Лицето му е потполно расечено, како што вели самиот, Њ не може да погледне во огледало“, но со обзир на тоа дека при нападот се корстени ножеви, можеби имал среќа.

- Благодарам на сите кои ми пратија пораки или прашаа како сум. Лицето ми е целосно уништено. Им благодарам на сите момци од Евертон, но и на навивачите на Ливерпул, за поддршката. Што да кажам после се? Не можам дури ни во огледало да погледнам, напиша Бурнс на Фејсбук.