-->
-->
Лице пукало кон малолетник на Бит Пазар
-->
Момче на возраст од 16 години било повредено од огнено оружје во пределеот на едната рака, на подрачјето на Бит Пазар, во Скопје.
Како што соопшти денеска МВР, настанот бил пријавен вчера во 15.39 часот во СВР Скопје дека се случил на ул.„Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар, кога едно лице од огнено оружје пукало во 16 - годишник од Скопје и го напуштило местото.
-Притоа, малолетникот се здобил со прострелна рана на раката и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана помош, наведуваат од МВР.
Извршен бил увид и на местото биле пронајдени неколку чаури и еден куршум.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар