Македонија
23. јуни 2018 - 19:35

Лицата со телесен инвалидитет мака мачат да стигнат до потребната локација

Движењето низ град е сеуште најголем проблем на инвалидизираните. Високите рабници на пешачките премини се пречка за овие луѓе, па наместо тротоарите, се принудени да ги користат сообраќајниците.

Заради овие архитектонски бариери, 57 годишната Ката Арсовска вели дека им е неопходна дополнителна помош во секојдневнието.

Немањето пристапни рампи до објектите дополнително го отежнува секојдневнието на овие луѓе.. Велат дека се уште постојат огромен број на институции каде скалилата се единствен пристап до нив.

Надлежните ветуваат дека ќе се премостат физичките бариери за лицата со телесен инвалидитет.

Инаку националниот сојуз на лица со телесен ивалидитет денеска во Скопје ја одржа седмата масовна средба. Од „Мобилност“ велат со ова ја искажуваат борбата за подобрување на здравствената заштита и правата за добивање ортопедски помагала.