Лицата со дијабетес утре излегуваат на протест
Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија најави дека утре во 19 часот ќе протестира пред Министерство за здравство, бидејќи не добиваат терапија. Тие во соопштение до јавноста велат дека се потрошило нивното трпение и дека поминале сите рокови Министерството за здравство и Владата да им набави инсулин, и дека се чувствуваат изманипулирани што децата со оваа состојба немаат пумпи, сензори и глукомери.
„После најдолгото трпение, најголемата конструктивност, најпосветени за соработка. После многу инвестирање во достоинството наше на лицата со дијабетес завршија сите рокови, логички правни, измислени и смислени манипулации. Заврши времето на лаги и обезличување на 150.000 граѓани, на 45 лица си дијабетес на Инсулин. Нашето Министерство за здравство и Владата ги манипулираа 700 дечиња и млади со пумпи, сетови за пумпи, сензори, глукомери и со терапија! Имаме најиновативна инсулинска и анти – дијабетна терпаија. Благодариме, НО НЕ ЈА ДОБИВАМЕ! “, стои во соопштението од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија.
Ново на Сител
-
Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал
-
Трамп би можел да ја укине целата помош за Украина
-
Претреси во Велес и Кавадарци, пронајдена дрога
-
Мартинка на рака со верба за среќа
-
Опожарени викендица и овоштарник во Идризово