Свет
10. August 2016 - 20:22

Либиски сили го презедоа командниот центар на Исламската држава во Сирт

Силите на либиската влада на националното единство го презедоа денеска командниот центар на групата Исламска држава во градот Сирт, се вели во соопштението на нивниот прес-центар.

„Конференцискиот центар Вагадугу е во наши раце", соопшти прес-центарот. Владините сили соопштија дека ја презеле и соседната болница „Ибн Сина".