Свет
28. April 2016 - 11:19

Либан: Убиен еден од лидерите на Исламската држава

Либанските сили го убиле денеска локалниот лидер на Исламската држава, во воена операција во планинскиот пограничен регион со Сирија, јави либанската национална новинска агенција. 

Извори од либанските безбедносни сили наведоа дека е убиен Најиф ел Шалан, кој е идентификуван како лидер на Исламската држава во таа област, пренесува танјуг.

Либанските државни медиуми додаваат дека тој е познат под името Абу Фавз.