Балкан
19. August 2015 - 12:01

Лежи лебу да те јадам: Почна натпреварот во излежување

Во етно селото Монтенегро во Брезна почна четвртиот отворен натпревар во излежување, а за титула најмрзлив ќе се борат дваесетина кандидати.

Foto: Facebook/Etno selo MontenegroFoto: Facebook/Etno selo Montenegro

Оваа година за натпреварот се пријавиле кандидати од Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина, а поради лошите временски прилики, натпреварот се одржува во една од затворените простории на етно селото.

Foto: Facebook/Etno selo Montenegro

Досегашниот рекордер Марко Ѓуровиќ од Подгорица кој минатата година се излежуваше 37 часа, се откажа вчера поради здравствени проблеми.

Победникот ќе добие награда од 300 евра.

 

Ново на Сител