Левица: Тренчевска не им го исплати додатокот на корисниците на гарантирана минимална помош
Министерството за труд и социјална политика не им го исплати додатокот од 1.000 денари на корисниците на гарантирана минимална помош.
Овој додаток МТСП го исплаќа со цел покривање на трошоците за енергенси на посебна категорија на социјално загрозени семејства, како и на лицата со попреченост и согласно законските одредби, овој додаток се исплаќа од октомври до март, но истиот поради ковид кризата, оваа година беше продолжен до јуни.
Ако се земе предвид енормното зголемување на цената на електрична енергија, како и зголемувањето на цените на основите прехрамбени продукти, неразбирливо е зошто надлежното министерство не превзеде соодветни мерки за оваа мерка да продолжи во текот на целата година.
Во услови на економска криза, овој додаток од 1.000 денари не само што треба да се исплаќа преку целата тековна година, туку истиот треба и да се зголеми, со цел да одговори на потребите за кои што е наменет.
Иако законските одредби налагаат усогласување на овој додаток со порастот на цените на трошоците за живот од минатата година, овој надоместок со години е ист и изнесува смешни 1.000 денари.
Со ваквата игнорантска политика на МТСП, само уште еднаш покажа дека воопшто не се грижи за потребите на социјално ранливите категории и лицата со попреченост.
Само за потсетување, пробугарската влада на СДС и ДУИ неодамна потрошија стотици илјади евра пари на граѓаните за набавка на луксузни возила и за прослава на Рамковниот договор.
Политичка партија Левица
Ново на Сител
-
НАСА го одложи враќањето на астронаутите од МВС до крајот на март
-
Уапсен 30 годишен кумановец баран со потерница
-
Вечерва е заслуг, а утре Свети Никола, најчестата македонска слава
-
Во Брисел средба на премиерот Мицкоски со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Калас
-
Правобранителот на Украина против мобилизација на 18-годишни момчиња
-
Обвинение за злоупотреба на службената положба во јавно претпријатие во Битола
-
Фрлил пакетче дрога од автомобил, уапсен 38-годишник
-
Уапсени четири лица од Радовиш кои краделе во продажни објекти