Левица побара инспекциски надзор за сликите со голема Албанија во ООУ „Браќа Миладиновци“
Ја информираме јавноста дека политичката партија Левица поднесе претставка за вршење вонреден инспекциски надзор до Државниот просветен инспекторат, а во однос на работењето на вд директорката во ООУ „Браќа Миладиновци” - Струга. Претходно, Левица обзнани скандалозни фотографии во училиштето, каде ученици и наставници се сликани со карти од голема Албанија, што претставува отворен иредентизам и ширење на меѓуетничка омраза.
Ваквото однесување не доликува за една образовна институција во државата и е во спротивност со чл. 9 од Законот за основно образование. Левица и претходно побара итно разрешување на вд директорката, за која постојат и сомнежи дека е незаконски назначена од страна на градоначалникот Рамиз Мерко.
Неказнивоста на функционерите на ДУИ доведе до секојдневно непочитување на законските прописи и ескалира до степен на ширење великоалбански идеи во образовни институции - скандал кој не се толерира во ниту една европска држава!
Левица ќе ги искористи сите механизми кои ги има на располагање, со цел ваквото непочитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија најстрого да биде санкционирано.
Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица
Ново на Сител
-

Општина Охрид се подготвува за затворање на депонијата Буково
-

Дрвокрадството во последните неколку години намалено за 30 отсто
-

Преглед на вестите од светот
-

Нацрт – предлог на ЕУ – за Албанија “патокази, за Македонија економски придобивки“
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амабасадор во Софија
-

Мицкоски: Владините мерки за поевтини горива ќе чинат над 100 милиони евра, можен втор ребаланс
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови детали од планот на Фон Дер Лајен
