Левица обвинува за уништување на Tиквешкото Eзеро

Будни сведоци сме дека во последниве неколку години Тиквешкото Езеро полека но сигурно пропаѓа, нивото на водата свесно се намалува до точка на негово комплетно уништување, а последиците и штетите од ваквото недомаќинско однесување се трајни и непоправливи!
Прекумерното празнење доведе до тоа езерото повеќе да не е препознатливо, пред сѐ на штета на хидросистемот од кој зависи целиот Тиквешки регион!
Губењето на биодиверзитетот доведува до исчезнување на клучните видови во екосистемите, кои обезбедуваат суштински услуги на истите.
Локалното земјоделство и воопшто локалниот туризам се веќе маргинализирани.
Идеите и желбите за постојана миграција на граѓани и семејства од подрачјето на град Кавадарци кон викенд-населбите околу езерото, сега кога речиси се створени потребните услови за живеење (инфраструктура, вода за пиење и сл.) стануваат илузија.
Имотите на граѓаните кои редовно плаќаат даноци и уредно се легализирани се тотално вон функција поради лошиот пристап предизвикан од ниското ниво на вода.
Оскудната соработка помеѓу ресорните министерства и општина Кавадарци, надополнета со рекетарското менаџирање од страна на ЕСМ, кои се однесуваат небаре езерото е во нивна приватна сопственост, очигледно не ветуваат опстанок.
На точно една година по првичната иницијатива за спас на Тиквешкото Езеро и на неа донесените заклучоци, граѓаните и јавноста сѐ уште се во потрага по одговори од кавадаречките пратеници во власта, кои требаше да го актуелизираат прашањето за состојбата и опстанокот на Тиквешко езеро пред соодветнaта комисија за европски прашања и животна средина во Републичкиот Парламентот и да иницираат средба со Премиерот и Министерот за животна средина, од којашто требаше да се извлечат идејни решенија за излез од бездната.
Напротив, се чини дека единствената произлезена идеја оттаму е свесно да се доупропасти состојбата со езерото, за на потенцијалниот инвеститор на ХЕ Чебрен да се даде на мираз ХЕЦ Тиквеш со што истиот би се прикажал како единствен спасител.
Политичката Партија Левица како единствен субјект во состав на Собранието на Република Македонија кој ги застапува правата и интересите на граѓаните е згрозен од ваквиот во низа уште еден антидржавнички обид за распродавање на националното богатство на земјата и ветува дека со сите правни механизми сите ќе се бори докрај за спречување на отуѓувањето на Тиквешкото Езеро и негово враќање во полн сјај, бидејќи опстанокот на истото е од суштинско значење како за градот Кавадарци, така и за целиот Тиквешки регион и Република Македонија!
Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица
Ново на Сител
-

Филипче: Вратите на СДСМ се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој ѝ мисли добро на државата
-

Лажен „лекар од Словенија“ измамил 86-годишна жена од Виница за 30.000 евра
-

Спасувачка акција во морскиот дел кај грчкиот остров Икарија за четворица исчезнати мигранти
-

ЕП: Почитувањето на демократијата, владеењето на правото и дијалогот се од суштинско значење за европската иднина на Србија
-

„Ер Франс“ привремено ги откажа летовите до Дубаи поради ситуацијата на Блискиот Исток
-

Божиновска: Жените се неискористениот интелектуален мотор на енергетиката
-

МВР утре во Куманово и Тетово ќе ги тестира камерите за проектот „Безбеден град“
-

Уставниот суд поведе постапка за забраната на извршување врз предмети и права на државни органи
