Левица: Не е прашање дали, туку со колку пратеници влегуваме во Собрание

Политичката партија Левица денеска ја започнува својата изборна кампања како самостоен учесник, подносител на листи на кандидати за пратеници на Предвремените парламентарни избори 2020.
Левица ќе настапи под реден број 4 во сите шест изборни единици: носител на ИЕ 1 е претседателот на Левица – проф. д-р Димитар Апасиев; носител на ИЕ 2 е м-р Реџеп Исмаил; носител на ИЕ 3 е Борислав Крмов; носител на ИЕ 4 е Бранко Ристов; носител на ИЕ 5 е Јована Мојсоска и носител на ИЕ 6 е Сенада Ибраимова. Сите кадри се од највисокото раководство на Партијата, со долгогодишно искуство на полето на политичкиот активизам.
Во кампањата Левица ќе се усмери кон водење креативна кампања, првенствено на социјалните мрежи и на медиумите, а ќе избегнува масовни собирања и митинзи. Планирано е да се отворат и неколку локални канцеларии со почитување на протоколите за заштита на населението од заразни болести. Официјалниот слоган на кампањата е: „Државата за народот – Левица во парламент“!
„Согласно растечкиот рејтинг на Левица, веќе не е прашање дали, туку со колку пратеници влегуваме во македонското Собрание! Оттука, Левица повикува на водење достоинствена и цивилизирана позитивна кампања, почитувајќи ги личноста и дигнитетот на нашите политички опоненти“, се наведува во соопштението од Левица.
Ново на Сител
-

Владината реконструкција на дневен ред во Собранието
-

Нема опозициска средба на Изборниот законик
-

Мисајловски на увид на градежните работи во касарната Ќојлија
-

Прилеп доби Центар за услуги, граѓаните ќе може на едно место да ги добијат сите потребни документи
-

Светот го истражува македонскиот неолит
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со министерката за образование и наука, Весна Јаневска
-

САД ке ја предводи истрагата за инцидентот на „Рајанер“ што се случи на македонското небо
