Левица: Место да реформираат, најавените реформи се со цел до крај да го расформираат образовниот систем
Реформи во основното образование се повеќе од потребни; повеќе од очигледно е дека постојниот модел на образование е нефункционален и непродуктивен.
Но, какви реформи очекуваат граѓаните, а што им се нуди со најавените реформи? Граѓаните очекуваат поквалитетно и помалку оптоварувачко образование, односно такво образование кое ќе им помогне на нивните деца да се оформат во личности подготвени да чекорат длабоко во дваесет и првиот век, држејќи чекор со остатокот од развиениот свет, а во склад со личните афинитети и квалитети.
Место тоа им се нудат инстант- реформи, кои како алиби и штит го користат изговорот дека се креирани според финскиот образовен модел. Не може да се спроведуваат реформи со градење Потемкинови села на хартија, без претходна сериозна евалуација на состојбите, можностите и потребите.
Каква е визијата за иднината на актуелната власт, судејќи според најавените реформи? Мачна и мрачна. Според нивната визија децата, т.е утрешните возрасни, треба да се дехуманизираат, да им се убие секој зрак индивидуалност и самосвест, да располагаат единствено со скудни и ограничени на практичната сфера на живеење знаења, да бидат, едноставно кажано, некој вид самоодржливи машини кои функционално ќе се впрегнат во исполнување на желбите и потребите на капиталистичкиот господар.
Покрај ова реформите докрај ја манифестираат намерата за бришење на националниот идентитет. Истата беше најавена со бришење на химната на Македонија од наставните програми по Музичко образование минатата година, за сега да се манифестира во целост преку исфрлање на предметот Историја и обезличување на историските содржини преку нивно сместување во рамки на Општествени науки.
Левица, како партија која над сè ги става човечките права и слободи на работниците никако не се согласуваме и со сите средства ќе се бориме против ваквото обезглавување на образованието. Нашата заложба е заложба за реформи, но не по мерка на капиталот, туку во функција на сеопфатен развој на личноста и индивидуалните афинитети и квалитети на секој поединец без оглед на материјалната положба. Образованието е човечко право и не смее да биде привилегија на повластен слој!
Ново на Сител
-
Билд: Путин се подготвува за голема војна со НАТО
-
Додик осомничен за купување на вила на Дедиње во Белград
-
Предложен притвор за жител на Петровец кој ги нападнал своите родители
-
За 2,6 проценти зголемен прометот во Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун во февруари на годишно ниво
-
Двајцата поранешни градоначалници на Кочани остануваат во куќен притвор, Апелација од Штип ги отфрли жалбите на Обвинителството
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради протест пред Собрание на РСМ
-
Расчистено кривично дело изнуда во Прилеп, поднесена кривична пријава против три лица и определен им е притвор
-
О2 Иницијатива: Да се отвори истрага за излевањето од рудникот Тораница во Крива река и да се испита делувањето на инспекторите