Левица им оддаде почит на бранителите кои загинаа кај Вејце
Денес (28 април 2023 година), највисока делегација на Левица, предводена од претседателот проф. д-р Димитар Апасиев и пратеникот Борислав Крмов, оддадоа почит на бранителите убиени во масакрот кај Вејце од страна на терористичките формации на ОНА. Претседателот на Левица на местото на злосторството постави спомен-плоча во чест на загинатите бранители.
Советниците на Левица ширум Македонија деновиве поднесоа иницијативи за остварување на правата на бранителите, кои во 2001 година храбро се бореа за зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Републиката.
Масакрот во Вејце е едно од најбруталните и најгромозорните воени злодела, за кои сведочи поновата историја. На 19 јули 2011 година, со автентичното толкување на Законот за амнестија, сторителите беа амнестирани од страна на Собранието на Македонија, со гласење на пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а под силен притисок од странскиот фактор. Правдата за семејствата на загинатите македонски херои никогаш не пристигна.
Хероите: Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Игор Костески, Миле Јаневски, Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски, кои животот го положија за својата татковина, вечно ќе живеат во колективната меморија на македонскиот народ.
Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ стартува на 1 февруари, Тошковски ги обвини СДСМ и ДУИ дека ги ставиле партиските калкулации над човечките животи
-

Со едукација до свесно родителство | Марија Саздева | Личен Развој | Sitel Podcast 136
-

Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ го посети ФК Силекс на подготовките во Анталија
-

Почнаа руско-украинските преговори под покровителство на САД во Абу Даби
-

Во велешката болница било донесено починато шестогодишно дете од Градско
-

Кривична за управител на правно лице, со фалсификување документи го оштетил РЕК Битола за сума од скоро 90.000 евра
-

Пожарот кај Тутунски комбинат локализиран, нема повредени
-

Извршени првите тренажни летови со „Ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување
