Македонија
11. January 2022 - 11:06

Левица: И во Нерези се гради верски објект без дозвола?

„По утврдување на бесправноста на изградбата на џамијата во Злокуќани, жители на Нерези реагираат дека и во оваа населба се гради верски објект без дозвола. По пристигнатите информации станува збор за изградба на верски објект од страна на ИВЗ на катастарските парцели 912/1 и 912/2 во сопственост на ИВЗ и Република Македонија, а кои се наоѓаат во Средно Нерези.

Советниците на Левица поднесоа барање за информации до Општина Карпош кои се однесуваат на овој случај и бараат општинските служби истите јавно да ги соопштат со цел да не се остави простор за шпекулации и тензии, a воедно и да излезат на терен со цел утврдување на фактичката состојба.

Изградбата на било какви верски објекти без дозвола е спротивно на законот. Воедно, изградбата на верски објекти не е од никаков приоритет на жителите на Општина Карпош па оттаму бараме наместо верски објекти на територијата на Општината да се градат инфраструктурни објекти од општ интерес.“, стои во соопштението на партијата.