Летонија ќе испрати 1.400 борбени дронови во Украина
Летонија ја подготви најголемата пратка беспилотни летала – 1.400, за Украина, објави летонскиот министер за одбрана Андрис Спрудс на социјалната мрежа „Икс“.
„Најголемата пратка од 1.400 дронови од латвиски производители е подготвена да биде испорачана во Украина. Со ова се заокружува нарачката на Министерството за одбрана за повеќе од 2.700 беспилотни летала од летонската индустрија за Украина“, рече Спрудс.
Тој потенцира дека Летонија и обезбедила на Украина 3.000 борбени дронови од различни модели.
„Заедно со латвиските компании ќе продолжиме да даваме поддршка до победата на Украина“, нагласи министерот за одбрана.
Коалицијата за беспилотни летала предводена од Летонија и Велика Британија ги вклучува и Австралија, Чешка, Данска, Франција, Естонија, Италија, Нов Зеланд, Канада, Литванија, Холандија, Полска, Германија и Шведска. Тие обезбедија повеќе од половина милијарда евра за беспилотни летала за Украина.
Ново на Сител
-

Следува период потопло време, со максимални 39 степени
-

Годишните приходи на ОпенАИ би можеле да надминат 40 милијарди долари
-

Николоски: Историски раст на авиосообраќајот, на аеродромите повеќе од два милиони патници во првите шест месеци
-

Туристите и жителите сè уште не можат да се вратат во Сивири
-

Клиника за пластична хирургија: Етапно реконструктивно лекување на повредените во пожарот во Кочани
-

Запросување за време на затемнување на Сонцето, постапката ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи
-

Трамп воведува царини за дронови и ја враќа старата технологија на американските бродови
-

Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција
