Фудбал
5. April 2017 - 12:30

Лестер продолжува да „гази“ без Раниери

Лестер го задржа максималниот учинок под водство на менаџерот Крег Шекспир. Актуелниот шампион до петтата победа во низа дојде против Сандерленд. „Лисиците“ славеа 2:0 со головите на Слимани и Варди во второто полувреме. Асистент за двата гола беше Олбрајтон.