Македонија
3. August 2015 - 18:03

Лешочкиот манастир прави чекори кон манастирски туризам

Со реконструкција на постојниот и изградба на нов конак Лешочкиот манастир ќе одговори на зголемениот интерес на верниците за неколкудневен престој во ова духовно светилиште, но воедно и туристичка атракција. Покрај трите црквите, луѓето ги привлекува спомен собата и гробот на Кирил Пејчиновиќ, духовно културниот центар, како и убавата природа. 
 
- Што се однеусва до посетителите ги имаме во позамашен број. Тури кои доаѓаат со автобуси, семејни посети. Македонци тукашни, Македонци кои се во странство обавезно доаѓаат во летниот период не посетуваат. Тури посебно од Чешка, Полска, Словачка.., вели игуменот на манастирот отец Доситеј.
 
Се подготвува документацијата по што ќе започнат градежните работи на конаците. 
 
- Нов објект да се изгради на просторот каде што беше болницата. Таму е сега празно кога ќе погледне. Постојниот конак-тој е со слаб материјал граден. Треба целосна реконструкција да му се направи. Од камениот ѕид па нагоре, се да се направи во исти стил но нова градба од тврд материјал, вели игумен Доситеј. 
 
Во манастирот веќе се гради резиденција за владиката, а од неодамна започна да работи и сувенирница.