Лекарите не виделе ништо слично: Го победил ракот без лекови - неговата мајка мисли дека ја знае причината
Осумгодишно дете потполно ги шокирало докторите така што почналo да го победува терминалниот рак - без никакво лекување.
Семејството на Џулијан вели дека на крај добиле нова надеж откако "прифатиле дека е на пат без враќање" по безуспешниот третман.
Ова храбро момче пати од акутна лимфобластна леукемија од 2011. година. Станува збор за вид на рак во белите крвни зрнца кој го уништува телото.
Џулијан успеал да ја победи смртоносната болест три пати по неколку серии на третмани хемотерапија и трансплантација на коскена срж.
Но 2017. година ракот се вратил четврти пат и тој буквално ги срушил него и неговото семејство откако лекарите им рекле дека нема да ја дочека следната година.
Притоа, не можел да подлегне на уште една серија третмани бидејќи докторите утврдиле дека за него веќе не постои ниту едно медицинско решение кое би можело да му помогне.
Меѓутоа, крвните резултати почнале да се поправаат, па докторите одлучиле да извршат пресадување на коскена срж како би виделе дали тоа ќе му помогне.
Тестовите покажале дека состојбата се подобрува, а лекарите на родителите им рекле дека ракот во коскената срж е преполовен.
Според нив, ова е случај кој се случува еднаш во седум милијарди.
Тие сега тврдат дека болеста на Џулијан се трансформира во облик на рак кој може да се лечи.
Неговата мајка убедена е дека алкалната вода и свежите исцедени сокови му помогнале на Џулијан, а лекарите се препишуваат на чудо бидејќи станува збор за нешто што прв пат гледаат.
Ново на Сител
-
Ангелов: Активен тежок пожар во ловиштето „Јасен“, дејствуваат два полициски и еден армиски хеликоптер
-
Во Албанија активни 30 пожари, пет се најкритични
-
Лото - игра на среќа со семејна традиција, ритуал во кој среќните броеви ни поттикнуваат надеж
-
Уапсен 19-годишник во Куманово, со него затекнато 14-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Приведени двајца росоманци, пријавени за закани кон градоначалник на Кавадарци и неговото семејство
-
44-годишник си ја истепал сопругата и нејзиниот малолетен син
-
Во сообраќајка на патот Куманово-Свети Николе, повредени неколку лица меѓу нив и тримесечно бебе
-
ЈП Водовод и канализација: Апел до скопјани за рационално користење на водата за пиење