Лекарите најавуваат нов бран и пандемиска зима
Дали бројот на активни случаи ќе падне под 10 000 или пак не чека засилување на ковид бранот во следниот период? Лекарите прогнозираат пандемиска зима – ладното време и концетрацијата на поголем број на лица во затворени простории ќе резултира со што повеќе новодијагностицирани но и хоспитализирани. Според доктор Злате Мехмедовиќ, крајот на месецот веќе ќе имаме реална слика на бројките кои ќе растат.
-Секој контакт во затворен простор каде има повеќе луѓе е ризик, и самата кампања изборна сега е ризик која може да предизвика влошување на епидемиолошката состојба, но, сепак, ќе кажам дека ладното време и затворањето во простории е причина да очекуваме пандемиска зима, која ќе биде непознаница бидејќи сега имаме и вакцинирани граѓани. Не би сакале мешањето односно комуникацијата во затворен простор меѓу вакцинирани и невакцинирани да биде причина за зголемување на бројот, вели др. Злате Мехмедовиќ.
Ризикот ќе биде зголемен и во образовните установи каде поради временските услови учениците ќе бидат затворени во една просторија со можност за што побрзо ширење на вирусот. Сепак, лекарите не стравуваат дека ќе ни се повтори ланската зима кога болни молеа за болнички кревет туку апелираат за што помасовна имунизација.
-Прерано е после изборниот процес, негде средината на ноември може да очекување влошување на состојбата, но пак ќе кажам го велам тоа со резерва бидејќи не е исто како лани кога сите знаеме како ја поминавме зимата и мораше да бидат отворени и дополниутелни ковид центри меѓу кои и на интерните, сега има вакцинација и таа треба да биде интензивирана, вели Мехмедовиќ.
Лани во октомври и номври во земјата се појави британскиот сој кој за кратко стана доминантен и ги преполни болниците. Во тој период беа изградени и модуларните болници за сместување на болните. Годинава, пак, медицинските лица се справуваат со многу позаразниот делта сој.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар