Лекарите мислеа дека нема да преживее: Родена е како сирена, погледнета како сега изгледа ова девојче

Приказната за девојчето - сирена навистина звучи како бајка.
Само на Милагрос на помош и дојде хирург, а не пријател од морското дно.
Малечката Милагрос Керон е родена во целосна симораштија во едно зафрлено село на Андите. На свет дојде со ретко нарушување, сиреномелија, односно „синдром на сирена“, поради што нозете и биле споени од петиците па се до интимното подрачје.
Нејзините слики веднаш го обиколија светот и предизвикаа чудење, но и сожалување. Стапката на смртност во вакви случаи е огромна, а лекарите на Милагрос не и даваа никава шанса.
-Обично бебињата во ваква состојба умираат во првите 72 часа по раѓањето, вели д-р Луис Рубион, благодарение на кој Милагрос денеска е жива и здрава и тоа со раздвоени нозе. Тоа е еден од трите случаи во светот каде пациенти живеат со овој синдром.
Милагрос минала низ многу операции, дури 13 од нив како и трансплантација на бубрег во 2012 година. Сепак д-р Луис со својот тим успеа да и ги раздвои нозете.
Сето тоа не би било можно ако операции финансиски не ги помогнеше државата, бидејќи семејството на Милагрос е многу сиромашно.
Снимката на која таа за првпат застана на нозе, го обиколи светот како и нејзиното тргнување на училиште.
Со операциите Милагрос се уште не е готова, иако денеска живее речиси како здраво дете. Единствен проблем е во тоа што е многу подложна на сите инфеклции. И кога ќе наполни 18 години, со естетска хиругија ќе и се исправат колената и половите органи.
Тогаш се надеваат дека Милагрос потполно ќе живее сосема нормален живот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ива и татко и ќе одговараат кога тогаш
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

Нова инвестиција во Битола - нови 2.000 работни места
-

Муцунски: Отпорност не значи изолација
-

Јаневска: Инвестираме во лицата со попреченост
-

Преглед на вестите од светот
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
