Македонија
19. јуни 2020 - 9:06

Лекар специјалист од Кавадарци е новиот позитивен случај на Ковид-19

Лекар специјалист од Кавадарци е новиот позитивен случај на Ковид-19, потврди за МИА утрово доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Лекарот немал симптоми, а се работи на утврдување на неговите контакти и нивна превентивна изолација.