Легално се продава најзагрозената пеперутка во Европа, која се наоѓа само во Македонија

Македонската сивка е една од најзагрозените пеперутки во Европа. Може да се најде само на едно место во целиот свет: ридовите околу селото Плетвар.
Нејзиното живеалиште не е повеќе од околу 1,5 квадратни километри и се состои главно од карпи и одредени видови трева од кои оваа пеперутка се храни додека е гасеница.
Македонската сивка е опрашувач, што значи дека носи полен од едно во друго растение. Со тоа се обезбедува опстанок и размножување на голем број цвеќиња кои обезбедуваат нектар не само за неа, туку и за другите инсекти, пишува „Дојче веле“.

Секој од овие инсекти е клучен дел од сложениот и кревок екосистем, а нивниот опстанок зависи од функционирањето на системот како целина. Најголемата закана за овој екосистем е човековата активност.
Ново на Сител
-

Правда: Вонредниот инспекциски надзор е незаконски
-

Сиљановска-Давкова: Одбраната на македонскиот јазик е во рацете на говорителите
-

Муцунски: Многу сме блиску до склучување договор со САД за тарифите
-

Функционерските плати нема да пораснат
-

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат
-

Рибокрадството не мирува
-

Вештачката интелигенција ќе го редифинира пазарот на трудот
-

Почна струмичкиот карневал
