Skip to main content
  • Facebook
  • Twitter
  • instagram
  • YouTube
  • RSS
  • Вести
  • Видео
  • ТВ Програма
  • Контакт
Насловна
  • Насловна
  • Македонија
  • Балкан
  • Свет
  • Бизнис
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Ф1
    • Спорт плус
  • Занимливости
    • Живот
    • Џет-Сет
    • Технологија
    • Интернет
    • Здравје
    • Бизарно но вистинито
Македонија
3. August 2021 - 17:18

Лефков: Власта целосно потфрли со справување од огнената стихија, одговорност мора да има

Tweet

Многу е важно да се освестиме, многу е важно денеска да го говориме за она што се случуваше вчера.

Имено, вчера битката за Кочани за среќа заврши онака како што заврши без посериозни материјални штети, меѓутоа еве овде кога ќе ја погледнете сликата на лице место ќе видите дека самиот оган достигна до куќите и сето она што го говори Стојанче Ангелов од Центарот за управување со кризи, јас ве уверувам дека немаше никаква реакција од Центарот за управување со кризи.

Втората вест беше дека хеликоптерите не летале ноќно време, пожарот овде додека се случуваше додека граѓаните сами се бореа со огнената стихија се уште беше ден, започна некаде после 18 часот имаше добри повеќе од два часа за истите да реагираат, па конфузни изјави од нив дали немале бензин, немале керозин или не летале ноќно време.

Меѓутоа цела Македонија треба да се свести дека сите кои што се одговорни треба да си ја сфатат посериозно работата и ние како опозиција не смееме да премолчиме и не смееме да оставиме граѓаните сами да се справуваат со вакви стихии затоа што навистина ниту се спремни, ниту имаат логистика, и ние како опозиција единствено што можевме да излеземе како обични граѓани, како што реков со лопати или со кофи да се бориме колку што можеме со огнената стихија, меѓутоа верувајте ми тоа не е никакво решение.

Ова што му се случи вчера на Кочани, може да се случи на секој друг град. Во меѓувреме верувајте ние видовме хидранти кои не функционираат, противпожарните возила се надополнуваа со вода во противпожарната единица во станицата која што е оддалечена некаде околу три километри од овде, МВР не направи протокол за движење на пожарните возила затоа што на булеварот „Теодосија Паунов“ во тек се градежни работи па се вози само на една лента, па можевме да видиме и како пожарникарите во паника беа зафатени во гужвата која што се створи во самиот булевар каде што сообраќајот течеше само на една летна.

И сега имате нефункционални хидранти, имате хеликоптери кои што не тргнале на време, и немаат бензин и од друга страна ги имате граѓаните кои што сами се бореа и сами ја изборија оваа битка за Кочани.

Сметам дека токму денеска е денот кога треба да разговараме за итна и неодложна оставка на Стојанче Ангелов, ако не е способен нека си оди, затоа што ова може буквално да се случи и на друг град, и уште еднаш да ни се случи вакво нешто и може за жал да помине многу полошо од она што се случи овде.

Реакцијата на институциите вчера на вчерашниот ден ја видовме дури после 21 часот во село Тркање кога стигнаа навистина противпожарни возила и од другите градови.

Меѓутоа таквата брза реакција и координација требаше да се случи многу порано во Кочани каде што знаете дека почетокот на пожарот ако треба да го санираат десет луѓе со оставање на проток на време, бројката на луѓе кои што треба да интервенираат расте. Па се создава ситуација во Кочани да имаме пожар кој што требаше и го сервисираа односно го контролираа повеќе од илјади граѓани кои што сами како што реков излегоа со помош на противпожарните единици од Кочани кои што беа навистина беа пожртвувани. Голем поздрав до сите нив и на еден од нив мислам дека заврши во болница и му посакуваме што побрзо да се опорави, меѓутоа ниту една пофалба, ниту еден добар збор за Стојанче Ангелов и за владата која што го остави Кочани на цедило.

Повик до целата македонска јавност да побараме одговорност веднаш затоа што ова може да ни се случи повторно и да не поминеме вака како што помина во Кочани.

Нека ни е за памет, нека им е за памет и на одговорните и ако не се способни нека си одат. Тоа е пораката денеска од овде од Кочани.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 
 
Tweet

Македонија

  • Ванчо Михајлов и Цар Борис може – Македонија е забрането име за невладини

  • ЦУК: Активен пожар во месноста Раштански лозја, изгаснати пет низ државата

  • Бегалецот од Сирија кој беше повреден во сообраќајка е негативен на мајмунски сипаници

Популарно од Македонија

  • Најчитани
  • Најсподелувани
  • 10 починати и 600 нови случаи на Ковид-19

    11.08.2022
  • 27-годишник од Теарце заведувал малолетничка од...

    11.08.2022
  • Владата ја замрзна маржата за огревно дрво и...

    11.08.2022
  • Левица: Со чесна понуда на програма и кандидати...

    11.08.2022
TV Sitel / ТВ Сител

Ново на Сител

  • Најнови вести
  • Најнови видеа
  • Се гради секундарна водоводна мрежа во повеќе населени места во Македонска Каменица

  • Трамп повеќе од 440 пати се повикал на уставното право да не дава одговор на обвинителството

  • КЗБ очекува до крајот на неделата да има разрешница со првиот суспектен случај на мајмунски сипаници кој одбива да се тестира

  • МОН: Учебната година започнува на 1 септември, во тек подготвителни активности за успешен старт

  • 10 починати и 600 нови случаи на Ковид-19

  • Негативен на мајмунски сипаници мигрантот хоспитализиран на Инфективна

  • Во Штип и Свети Николе четири граѓани каснати од кучиња скитници

  • Претрес во Битола, приведен дилер на хероин

  • Повеќе вести
  • Насловна
  • Македонија
  • Балкан
  • Свет
  • Бизнис
  • Спорт
  • Занимливости
© 2022 Сител Телевизија