Лефков: Спасовски да ја каже вистината за убиството на ракометарот Тот
Имаме информации кои создаваат сериозен сомнеж дека МВР, Спасовски и Ковачевски прикриваат убиство.
Три пати во тек на едно деноноќие властите менуваат изјави, и официјални известувања.
КАРИЛ дава официјална изјава, дека станува збор за природна смрт на ракометарот Тот, за по реакциите на јавноста и зголеменото медиумско влијание да каже дека станува збор за смрт причинета од тепање.
Ист е односот и од МВР и од Јавно обвинителство. Се менуваа изјави и гледишта.
Денеска јавниот обвинител Бубевски потврдува дека сепак станува збор за убиство, причинето со претепување.
Почитувани,
Со тоа што не се оградија ниту извинија за прикривање на јасно убиство нив ги прави првоповикани.
Нашите информации говорат дека за убиството има најмалку десетина сведоци.
Според нашите сознанија во најблиското опкружување имало полиција која не регистрирала убиство, туку природна смрт на млад човек.
Оттука одговорноста на МВР и Спасовски е уште поголема, бидејќи негови екипи биле директно присутни на терен.
Наместо да спречи, или во најмала рака веднаш да го расчисти случајот, МВР на Спасовски пуштила да избега убиецот.
Спасовски ја прикрива вистината за убиството, ако не излезе до крајот на денот и да ја каже вистината, јасно е дека крие.
Бараме одговори и одговорност.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради 5. издание на трката „Водно 10К"
-

Јемен по втор пат го нападна Израел со ракети
-

Иран се закани дека ќе ги нападне израелските и американските универзитети
-

Во Србија се одржуваат избори во 10 локални самоуправи
-

Облачно со врнежи во источните делови
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
