Лефков: Документи од Централниот регистар на Хонг Конг - 3 месеци по владата на Заев формирана фантом фирмата
Фантом фирмата Стабри Интернешенал преку која Заев и Филипче сакале да книжат провизии од кинеските вакцини е регистрирана само 3 месеци по формирањето на владата на Зоран Заев во 2017 година.
Ова се документи од Централниот Регистар на Хонг Конг од кои се гледа дека истата е формирана на 22 септември 2017 година.
На фантом фирмата Стабри Интернешенал според нашите документи и се префрлени 12.5 милиона долари за 200.000 вакцини, односно Заев и Филипче на оваа фирма и платиле 100% повисока цена од највисоката цена за која се продавани кинеските вакцини. Имено додека цел свет купува кинески вакцини за максимум 30 долари Заев и Филипче платиле 62.5 евра. Или што би се рекло на струмички 30 за Синофарм, 30 за Вицето.
Како Стабри Интернешенал, фирма која има само тројца вработени, а ова се документите кои го потврдуваат тоа, како успева да го убеди Филипче дека ќе набави кинески вакцини, кое е портфолиото на фирмата и дали тој ја истражил истата пред да стапи во соработка?!
Од документите кои ги имаме се гледа дека фирмата е формирана со само 10.000 Хонг Конг долари основен капитал, односно 1.000 евра. За јавноста да сфати, ова е единствената гаранција која истата ја има и е јавно достапна, а е депонирана како основачки капитал. Според информациите од Централниот регистар истата нема други средства.
Очекуваме ЈО да ги земе во предвид сите документи и информации објавени
во медиумите, како и овие денес, и да ја отвори истрага веднаш. Љупчо Николовски наместо да мачка путер, заедно со Заев и Филипче да си дадат оставки веднаш.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
АХВ воведе мерки на засилен надзор на болеста чума кај малите преживари
-
ДСЗИ: При инспекциските надзори во врска со смртта на детето од Кавадарци не се констатирани недостатоци од наша надлежност
-
Возач од кочанско со 2,25 промили алкохол во крвта управувал автомобил
-
Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во дискотеката во Кочани
-
Повредени двајца работници во Пробиштип и Пехчево
-
Малолетници со нож тешко повредиле 55-годишен маж
-
ЕУ воведува сет мерки за подобра заштита на патниците во авиосообраќајот
-
Кисела Вода организираше бесплатна заедничка полуматурска прослава за сите деветтоодделенци