Спорт плус
4. August 2015 - 17:41

Ледецки со нов светски рекорд на 1.500 метри слободно

Американката Кети Ледецки го собори сопствениот светски рекорд на 1.500 метри слободно откако попладнево во финалето на СП во Казањ патеката ја исплива за 15:25.48 минути. Таа го подобри сопствениот и светски рекорд поставен вчера во квалификациите за 2.23 секунди.

Среброто го освои Бијл од Нов Зеланд со рекорд на Океанија, а трета заврши Капаш од Унгарија.
За Ледеци ова е втор златен медал на светските првентсва на 1.500 метри со што се изедначи со Кејт Циглер (САД) и Хана Штокбауер (Германија).