Кошарка
30. December 2015 - 13:08

Леброн прослави роденден на натпревар

Екипите на Кливленд, Њујорк, Оклахома, Атланта и Мемфис забележаа победи на натпреварите кои во НБА лигата се одиграа во ноќта меѓу вторникот и средата.
 
Леброн Џејмс постигна 34 поени во гостинската победа на Кливленд над Денвер (93:87). Кралот Џејмс, во Пепси центарот во Денвер го прослави својот 31-ви роденден. Кај Денвер се истакна Вили Бартон кој влегувајќи од клупата уфрли 29 поени.
 
Расел Вестбрук и Кевин Дурент искомбинираа 53 поени, 15 скокови и 13 асистенции во победата на Оклахома над Милвоки (131:123). Вестбрук имаше учинок од 27 поени, по седум скокови и асистенции и пет украдени топки, а Дурент заврши со 26 поени, осум скока и шест асистенции.
 
Стартната петорка на Атланта постига 100 поени, најмногу Ал Хорфорд (30 поени, 14 скокови), а ‘јастребите’ славеа во Хјустон со 121:115. Двајт Хаурд оствари двоен ефект од 30 поени и 16 скокови, а Џејмс Харден постигна 26 поени, но ниту тоа не му беше доволно на Хјустон да го избегне 17-от пораз во сезоната.
 
Њујорк славеше над Детроит (108:96), благодарение на Кармело Ентони кој постигна 24 поени, додека Марк Гасол со 23 поени го предводеше Мемфис до победата над Мајами (99:90).