-->
-->
ЛЕ: Рома се одбрани во Леверкузен, пресврт во Севиља
-->
Екипите на Рома и Севиља ќе играат во големото финале на Лига Европа откако во полуфиналните дуели беа подобри од Баер Леверкузен и Јувентус.
Во реванш полуфиналниот натпревар во Леверкузен, Рома одигра 0:0 против Баер и со тоа ја сочува предноста од првиот меч од 1-0 и се пласираше во големото финале во Лига Европа.
Минатата година Мурињо на Рома и го донесе првиот европски трофеј по повеќе од шест децении чекање, откако со италијанскиот тим победи во финалето во Тирана. Една година подоцна, неповторливиот Португалец ја воведе популарниот Волчица во ново финале.
Ново финале ќе игра и најтрофејниот тим во ова натпреварување Севиља откако во меч со пресврт и продолжение го совлада Јувентус со 2-1.
Во регуларниот дел мечот заврши со резултат 1-1 , без победник како што беше и во Торино. Гостите први поведоа со погодокот на Влаховиќ во 65-тата минута но само 7 минути подоцна Сусо израмни на 1-1. Во дополнителните 30 минути Севиља извојува победа со голот на Ламела со што шпанскиот тим на 31. мај во Будимпешта ќе го игра седмото финале во Лига Европа каде е најтрофеен тим со 6 титули во исто толку финални меча.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Игокеа го назначи Перо Антиќ за амбасадор на клубот
-

Лажна дојава за бомба во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани
-

Словачка Амбасада: Од 17 март нов директен лет Братислава-Охрид, нов чекор напред кон зајакнување на билатералните односи
-

Од 14 до 16 март Кочани ќе ја одбележи првата годишнина од трагичниот пожар во „Пулс“
-

Трамп: Не знам доволно за нападот врз училиштето во Иран, истрагата е во тек
-

Претрес на поранешниот ранч на Џефри Епстин во Ново Мексико
-

Македонија со 17 кикбоксери на Светскиот куп во Италија – над 2400 борци од 46 држави
-

Перез донесе одлука за нов тренер на „кралскиот клуб“
