Фудбал
19. May 2023 - 10:22

ЛЕ: Рома се одбрани во Леверкузен, пресврт во Севиља

Екипите на Рома и Севиља ќе играат во големото финале на Лига Европа откако во полуфиналните дуели беа подобри од Баер Леверкузен и Јувентус. 

Во реванш полуфиналниот натпревар во Леверкузен, Рома одигра 0:0 против Баер  и со тоа ја сочува предноста од првиот меч од 1-0 и се пласираше во големото финале во Лига Европа.
 
Минатата година Мурињо на Рома и го донесе првиот европски трофеј по повеќе од шест децении чекање, откако со италијанскиот тим победи во финалето во  Тирана. Една година подоцна, неповторливиот Португалец ја воведе популарниот Волчица во ново финале.
Ново финале ќе игра и најтрофејниот тим во ова натпреварување Севиља откако во меч со пресврт и продолжение го совлада Јувентус со 2-1.
Во регуларниот дел мечот заврши со резултат 1-1 , без победник како што беше и во Торино.  Гостите први поведоа со погодокот на Влаховиќ во 65-тата минута но само 7 минути подоцна Сусо израмни на 1-1. Во дополнителните 30 минути Севиља извојува победа со голот на Ламела со што шпанскиот тим на 31. мај во Будимпешта ќе го игра седмото финале во Лига Европа каде е најтрофеен тим со 6 титули во исто толку финални меча.