-->
-->
ЛЕ: Милан супериорен против Австрија Виена
-->
Италијанскиот гигант Милан со убедлива победа над Австрија во Виена ја започна групната фаза во фудбалската Лига Европа.
Милан во меч од 1.коло одигран вечерва во Виена ја победи екипата на Австрија со 5-1. Андре Силва забележа „хет-трик“ постигнувајќи три гола за Милан, за кој во листата на стрелци се запишаа и Хакан Чанханоглу и Сусо, додека голот за домаќините го постигна Александар Борковиќ.
Од останатите средби кои веќе завршија ги издвојуваме поразот на Евертон на гостувањето кај Аталанта, како и нерешениот резултат на Олимпик Лион во Лимасол против Аполон.
Постигнати резултати во 1.коло во Лига Европа:
А група: Славија Прага – Макаби Тел Авив 1-0 и Виљареал – Астана 3-1.
Б група: Динамо Киев – Скендербег 3-1 и Јанг Бојс – Партизан 1-1.
Ц група: Хофенхајм – Брага 1-2 и Басакшехир – Лудогорец 0-0.
Д група: Австрија Виена – Милан 1-5 и Риека – АЕК 1-2
Е група: Аполон Лимасол – Олимпик Лион 1-1 и Аталанта – Евертон 3-0.
Ф група: Копенхаген - Локомотив Москва 0-0 и Злин – Шериф 0-0.
Вечерва се играат и преостанатите осум натпревари меѓу кои и дуелот Вардар – Зенит
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен е раководител во општината Маврово и Ростуше, договорил поткуп од 13.000 евра
-
Регистриран земјотрес во Струмичко
-
Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш од Воената болница
-
Определен 30 дневен притвор за полициските службеници, осомничени во врска со пожарот во Кочани
-
МВР: Забрана за вршење операции со дронови на територија на осум општини
-
Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата
-
Објавен безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани
-
Црвениот крст на Србија собира парична помош за семејствата на загинатите и повредените во Кочани