-->
-->
ЛЕ: Финале Ренџер-Ајнтрахт
-->
Продолжува бајката на Ајнтрахт Франкфурт и Глазгов Ренџерс кои ќе играат за титулата од Лига Европа по победите во реваншите на домашен терен, додека Рома на Жозе Мурињо ќе игра со Феенорд во првото финале на новата Конференциска Лига Европа на УЕФА
Ајнтрахт, по елиминацијата на Барселона, успеа да победи и на гости кај Вест хем со 2:1 во првиот меч, за пред домашната бурна публика, повторно да го победи тимот на Дејвид Мојс, овојпат со 1:0 со голот на Рафаел Боре во 26. минута, откако „чеканите“ уште во 17. минута останаа со играч помалку по црвениот картон на Арон Кресвел.
Ренџерс на Џовани ван Бронкхорст, пак, спречија германско финале во Лига Европа, победувајќи ги РБ Лајпциг со 2:0 … Џејмс Таверниер уште во 19. минута ги донесе Ренџерс во водство за во 24. минута, Глен Камара да зголеми на 2:0. Кристофер Нкунку во 71. минута ја врати надежта за германскиот клуб, за Џон Лундстрам во 81. минута да го потврди пласманот на шкотскиот клуб.
Теми Абрахам пак, повторно беше клучен за Рома на Мурињо, постигнувајќи го единствениот гол за 1:0 победа над Лестер, по 1:1 ремито на гости, за „волчицата“ да добие шанса да ја заврши сезоната со титула. Во финалето тие ќе играат со Феенорд, кои издржаа на „Велодром“ кај Олимпик Марсеј за 0:0 реми по 3:2 победата на домашен терен.
ЛИГА ЕВРОПА,1/2 ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ
Ајнтрахт Франкфурт – Вест хем 1:0, прв меч 2:1, вкупно 3:1
Глазгов Ренџерс – РБ Лајпциг 3:1, прв меч 0:1, вкупно 3:2
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 1/2 ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ
Рома – Лестер 1:0, прв меч 1:1, вкупно 2:1
Олимпик Марсеј – Феенорд 0:0, прв меч 2:3, вкупно 2:3
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
Тошковски: Повторно го повикувам Груби доброволно да се врати во Македонија и да ја докаже својата невиност
-
Избришано видеото со Ахмети во униформа на УЧК
-
Министерството го вклучи алармот за загадениот воздух