Лазов: Штетите од град врз праските ќе остават последици и за догодина

Штетите од врнежите од град кои годинава три пати го зафатија росоманско, ќе остават последици врз родот и наредната година, истакна денеска градоначалникот на Росоман Стојанче Лазов.
Потсетувајќи на вкупната проценета штета само од последните градобијни врнежи која изнесува приближно еден милион евра, градоначалникот изрази жалење што последиците ќе се почувствуваат и следната сезона во најголемиот регион за производство на праски во Македонија.
-Прасковите насади кои беа погодени од градот, за жал ќе имаат послаб и понеквалитетен род. Овоштарите од подрачјата погодени од невремето исто така ќе имаат проблем да остават родни и здрави гранки за следната реколта, нагласи Лазов.
Тој додаде дека сепак станува збор за нешто што не зависи од луѓето ами од природата и дека земјоделството е фабрика под отворено небо. Изрази надеж дека во иднина градот нема да зема данок од плантажите со праски, во кои се произведува еден процент од светското производство на овој вид на овошје.
Ново на Сител
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
