Македонија
12. March 2024 - 16:02

Лажно се претставила и му ветила брак а тој и дал пари и накит, кривична за стројник и тетовка

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.С.(68) од с.Нераште, тетовско и Е.А.Н.(39) од с.Слатино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Првопријавениот запознал едно лице со второпријавената, која лажно му се претставила и откако го довела во заблуда дека ќе се венчаат, тој во повеќе наврати ѝ дал 6.300 евра и накит, објаснуваат од МВР.