Лажни полицајци ограбиле странски државјани на автопатот Ниш-Врање
Лажно претставувајќи се дека се полицајци и користејќи полициски трепкачи на автомобил од типот „Ауди“, група непознати лица рано утринава запреле автомобил со германски регистарски ознаки на автопатот Ниш – Врање и од патниците изнудиле 10.000 евра.
Според полициски извори, настанот се случил во близина на селото Превалац кога од „аудито“ излегло лице во полициска униформа, вооружено со автоматско оружје и батерија, и од патниците ја украло споменатата сума пари.
Оштетени се двајца патници – едниот е државјанин на Северна Македонија, а другиот е од Албанија.
Случајот бил пријавен во полицијата во Врање, која е во потрага по „лажниот колега“, а надлежното обвинителство работи на случајот.
Пред околу десетина дена во Сурдулица двајца мажи претставувајќи се како полициски инспектори пресретнаа малолетни лица и им одзедоа пари.
Минатата недела, српската Влада усвои измени и дополнувања на Уредбата за изгледот, формата и содржината на службената значка и службената легитимација, со која се пропишува дека е „забрането поседување на значка и службена легитимација на лица кои не се припадници на Министерството за внатрешни работи“.
Ново на Сител
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање
-
Прилепската болница го намали долгот - Главен проблем недостатокот на кадар
-
Младите ретко пријавуваат корупциија, немаат доверба во институциите но стравуваат и од реперкусии
-
Охридското занаетчиство стагнира - Неопходна е стратегија