Лажна вест е информацијата за испратен нов контингент воена помош за Украина
Руска пропаганда и лажна вест. Вака Министерството за одбрана ја коментира информацијата дека Македонија испратила уште еден, четврти конвој воена помош за Украина.
„Објавата е дел од руската пропаганда и ширење на дезинформации на која остро се спротивставуваме. Одлуката за четврта донација за Украина од наша страна сè уште не е донесена, а кога ќе биде донесена јавноста веднаш ќе биде информирана”
Видеото што беше објавено на социјалните мрежи беше проследено со податок дека на 7-ми ноември, воз со инжинерска воена опрема од Скопје, преку Грција и Бугарија, тргнал за Украина.
За аналитичарите, ваквите лажни информации, како и дојавите за бомби во училиштата, се две различни појави, но опфаќаат еден ист поширок феномен.
„Апсолутно се согласувам дека ова е дел од хибридната војна која се води против Македонија. Меѓутоа не можам 100% да потврдам кој ја иницира и кој ја води. Притоа треба да се прави разлика меѓу лажните бомби во училиштата кои сега се актуелни и ова сега, со измислувањето на наводни контингенти на воена опрема. Но појавите се подеднакво опасни, непредвидливи и влијаат врз психичката состојба на граѓаните”
Инаку Македонија досега има испратено три контингенти воена помош за Украина, но деталите за тоа што содржеле се водат како строга воена тајна.
-
Горан Симоновски
Сите содржини од овој новинар