Лазарова Трајковска член на експертско тело за избор на судии во Високиот Антикорупциски суд во Укранија

На предлог на Советот на Европа, ЕУ, ЕБРД, ОЕЦД и ОЛАФ, д-р Мирјана Лазарова Трајковска, е избрана за член на шестчлениот меѓународен Панел на правни експерти за избор на судии во Високиот Антикорупциски суд во Укранија.
Ова експертско тело, има за задача да го помогне изборот на судии со висок професионал и личен интегритет кои ќе работат во областа на антикорупциското судство во Украина . Покрај неа во ова тело избрани се уште пет експерти од Велика Британија, Канада, Данска и Литванија.
Лазарова Трајковска е поранешен судија во Европскиот суд за човекови права и претседател на Првата Секција, поранешен судија на Уставниот суд на Република Македонија.
Во последните две години Лазарова Трајковска како предавач гостува на неколу најпрестижни Универзитети во Светот (Бирмингам во Британија, Лил во Франција, РенМин Универзитетот во Пекинг, Емори во САД и други). Во изминатите години обучувала и едуцирала судии и обвинители во Македонија и повеќе земји во Европа. Таа е високо почитуван експерт на Венецијанската Комисија и на Советот на Европа. Објавила бројни трудови од областа на правото.
Ново на Сител
-

Зеленски: На состанокот со Трамп нагласена потребата од зајакнување на украинската ПВО
-

Европскиот парламент го критикува Зеленски поради спорот со Полска
-

Руте: Самитот на НАТО во Анкара беше „исклучително успешен“
-

Кремљ го поздрави укинувањето на суспензијата на Рускиот олимписки комитет
-

Приведен 40 годишник од Пробиштип кој со закани изнудил пари од 18-годишна девојка
-

СЗО предупреди дека случаите на рак на глобално ниво би можеле речиси да се удвојат до 2050 година
-

Кос, Јаневска и Сали во увид на реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“
-

Три случаи на семејно насилство во Штип, Свети Николе и Македонска Каменица
