Лазаров: Нека победи подобриот
Барселона е екипа од највиското ракометно реноме, а дел од каталонскиот клуб неколку сезони е и најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров, кој во Келн ги игра последните натпревари во дресот на Барселона во Лигата на шампионите.
- Ждрепката сакаше со Вардар да играме во полуфинале, Вардар заслужи да се најде во елитата, заради трпеливост, веруваше во успех. Сакам да кажам дека сите го направија тоа со знаење и никој не победи со среќа. Победуваше Вардар, и на гости и дома. Одиграа екстра квалитетна сезона, победуваа со Флензбург РНЛ, Киелце,... Влегуваме со респект имаат различни видови на играчи, добро сме подготвени но на терен ќе видиме како ќе биде. Нека победи подобриот на терен. Барселона е најискусна екипа со освоени европски титули, но другите екипи имаат искуство, но атакуваат на свој начин. Ова за мене е петти турнир, и затоа можам да кажам дека е специфичен турнир. Сите посакуваме победи и имаме свои тактики, најдобрите со најдобра концентрација ќе бидат победници на финалето.
Ново на Сител
-
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
-
Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето
-
Намалена видливост поради магла во Демир Капија, Петровец-Велес, Битола и Прилеп
-
18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
-
Прегазен пешак во Гостивар
-
Пронајден пиштол „Црвена Застава" при претрес на домот на 46-годишник
-
Најмалку 18 лица го загубија животот во експлозија на камион цистерна со гориво во Нигерија
-
Најстудено во Битола и Берово, најмногу снег на Попова Шапка