Loading Video...
Ракомет
20. January 2019 - 19:08

Лазаров: Имаме убава иднина со младата генерација ракометари

Нашите најдобри ракометари го завршија настапот на СП во Германија и Данска со пласман на 15.место откако попладнево го совладаа Чиле со 32-30.

Президент купот го освои селекцијата на Катар која беше подобра од Русите.

             Иако Македонија одигра скромно во одбраната сепак предводени од капитенот Кире Лазаров  успеавме да го совладаме незгодниот противник кој играше многу мотивирано и во неколку наврати имаше и водство. Особено добро Чилеанците одиграа во вториот дел кога со серија 8-3 го анулираа нашето водство од 21-18 и поведоа со 26-24.  Гонзлалез почувствува дека противникот може да се одлепи па ја врати играта во нападот без голман што резултираше со нов пресврт но во наша корист благодарение на ефикасните удари на Лазаров и добрите одбрани на Митревски.

            Завршниот удар го зададе Манасков со серија од  4 погодоци.  На крајот заслужена победа со која сме 15-ти во светот.  Кире Лазаров постигна 9 гола за нашиот тим додека Манасков запиша 8.  Интересно е што на првенството дебитираше искусниот Даскаловски кој успеа да одбрани два седмерци.

            Капитенот Кире Лазаров по мечот изјави дека овој мундијал треба да биде „кураж“ за оваа млада генерација ракометари да работат максимално во следниот период за да се направи една респектабилна селекција која ќе може да обезбеди подобар пласман и иднина на македонскиот ракомет.