Loading Video...
Ракомет
19. February 2021 - 14:47
Лазаров го објави првиот список на играчи, но и членовите на стручниот штаб
Новиот селектор воедно и капитен на машката македонска ракометна репрезентација, Кирил Лазаров денеска го објави поширокиот список за квалификациските натпревари против Данска.
Во март месец Македонија ќе одигра два натпревари од евро-квалификациите против актуелниот светски шампион Данска.
На дуелите во Скопје и Алборг, Кирил Лазаров ќе го има и своето селекторско деби.
На поширокиот список на Лазаров кој брои 35-мина ракометари е Филип Миркуловски кој како и Лазаров ќе има двојна улога. Имено ракометарот на германскиот Вецлар ќе ја има и улогата на прв асистент на селекторот.
Покрај Миркуловски во тимот се враќа и крилото на Веспрем, Дејан Манасков кој не настапи на Мундијалот во Египет, а од поискусните меѓу повиканите го нема вардаровиот голман Борко Ристовски.
Во стручниот штаб на Лазаров покрај Миркуловски се и поранешните репрезентативци Бранислав Ангеловски и Ацо Јоновски, како и Билјана Црвенкоска која веќе работеше во ракометните колективи на Вардар (мажи и жени) и екипата на Голден Арт КЛ7 како асистент.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->