Лазарев: Македонија денес е држава во која царува рекет и корупција

Македонија денес е држава во која царува рекетот и корупцијата, земја која нема развој, истакна потпретседателот на Социјалистичката партија на Македонија, Јован Лазарев.
Вели дека партиите кои денес се на власт го промениле уставното име за кое се бореле генерациите пред нас, потенцирајќи дека СПМ преку своите органи и пратеници се спротивставила на промената на името.
-Деновиве соседите излегоа со нови уцени и ултиматуми кон нашата држава. Се откажавме од македонското малцинство во Бугарија, а сега сакаат да се откажеме од македонскиот јазик. И Илинденското востание било бугарско, бугарската војска во Македонија за време на Втората светска војна не била окупаторска. Да ги прашаме на чија страна се бореа тие? Со Германците или со прогресивните сили?, истакна потпретседателот Лазарев.
Вели дека историјата не може да се промени со политичка одлука, туку тоа е работа на историчарите.
Даниел Василев
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
