Лазареска: Македонскиот јазик е обезбеден во ЕУ, СДСМ продолжува да го штити и унапредува
Почитувани,
Нека е честит и вековит 24 мај - Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.
Водејќи се од делата и вредностите на браќата Кирил и Методиј, но и на континуитетот на Свети Климент и Наум Охридски во последните години презедовме низа активности за заштита и унапредување на македонскиот јазик.
На предлог на Владата предводена од СДСМ денот 5 мај е прогласен за ден на македонскиот јазик, во чест на 5 мај 1945 година кога првата влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо
Потпишавме прв договор со ЕУ, Договорот за Фронтекс, на официјален македонски јазик без фусноти и додавки, со што македонскиот јазик стана рамноправен со останатите јазици на Унијата.
По цели децении, се отвораат нови лекторати по македонски јазик на универзитетските центри низ светот.
По 20 години на Институтот за македонски јазик, овозможивме вработување на 17 млади луѓе, со што ја докажуваме грижата за македонскиот јазик на дело.
И таа грижа не застанува тука.
Подготвен е нов Закон за употреба на македонски јазик, а за поддршка на македонското творештво воведуваме и нова државна награда која ќе го носи името на великанот Блаже Конески.
Сето ова почитувани, е само дел од мерките и политиките што ги преземаме за заштита и унапредување на македонскиот јазик и дома и надвор од државата.
Остануваме посветени на заштита на државните и националните интереси.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-

Прилепчанец со над три промили алкохол во крвта возел во Неготино, задржан во полициска стани
-

Едно лице загина во руски напад за време на велигденското примирје меѓу Украина и Русија
-

Филипче: ВМРО останува без својот единствен сојузник во ЕУ
-

Ирански функционер му се потсмева на Трамп поради растот на цените на нафтата
-

Иран: Американските мерки во Ормуска Теснина се „пиратство“
-

Нема подолги задржувања на граничните премини од македонска страна
-

Најстудено утрово во Маврово со температура од 4 степени
-

Папата Лав XIV ја започнува најдолгата посета на Африка во својот понтификат
