Лавров: Тешко може да се премости јазот со Јапонија
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека ќе биде тешко да се премости јазот за мировната спогодба и територијалниот спор со Јапонија.
- Не е лесно да се премости јазот во ставовите меѓу двете земји, рече Лавров на заедничкиот брифинг со јапонскиот министер за надворешни работи Фумио Кишида во Москва.
Две недели пред посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Токио, Лавров изјави дека тој и Кишида и покрај тие потешкотии, изразиле подготвеност за унапредување на соработката меѓу двете земји.
Министерот за надворешни работи на Јапонија укажа на важноста од продолжувањето на разговорите со Москва и додаде дека територијалниот спор би требало да биде решен на начин, кој е прифатлив за двете страни.
Односите меѓу Јапонија и Русија се нарушени поради спорот околу Курилските Острови, кои Советскиот сојуз ги окупира кон крајот на Втората светска војна, поради што двете земји до денеска не потпишаа формална мировна спогодба.
Ново на Сител
-
Обвинителство бара од полицијата да провери информации за наводен контакт меѓу Универзитетот и Воениот синдикат во Белград
-
Тешка сообраќајка вечерва во Влае
-
Полиција за разбивање демонстрации пред Пионирски парк во Белград
-
Илјадници луѓе се собираат во Белград за утрешниот протест
-
Зеленски: Американски сателити може да гарантираат примирје во Украина
-
Дутерте преку видеоврска се појави пред судот во Хаг поради обвиненија за убиства
-
Киев: Подготвени сме да потпишеме договор за минерали, чекаме одлука од САД
-
Вучиќ за утрешниот протест: Ќе помогнеме во обезбедувањето на собирот, но одговорноста е на организаторите