Лавров: Слободната сириска армија е фантомска група

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека за Москва, Сириската слободна армија останува „фантомска група“, јави ТАСС.
- Никој не кажува каде оперира Слобоната сириска армија или каде и како делуваат други воени единици на умерената опозиција. Спремни сме да воспоставиме контакт со нив доколку се навистина вистинска вооружена група на патриотска опозиција, составена од Сиријци. Засега, Слободната сириска армија останува фантомска група, изјави Лавров.
Рускиот министер истакна дека Москва побарала од Вашингтон да објасни што е тоа и каде оперира, како и дека побарал од американскиот државен секретар Џон Кери да даде информации за групата и нејзината команда.
Група демонстранти во Сирија од летото 2011 година почнаа вооружување и организирање, формирајќи ја „Слободната сириска армија“ со бази во соседни држави со цел соборување на сирискиот режим, започнувајќи герилска војна.
Нивните цели ги поддржаа соседна Турција, Саудиска Арабија и земјите од Заливот, а потоа и САД и други западни земји.
На конференција за новинари Лавров нагласи дека не се вистинити тврдењата дека сириската армија не се бори против ИД, додавајќи дека е нелогично да се обвинуваат силите на Дамаск дека не се борат против терористи.
- Нелогично е да се обвинува сириската армија дека не се бори против терористи. Сириската армија е очигледно, можеби и единствената војска подготвена да врши таква функција во Сирија, да се бори против терористи, истакна Лавров.
Рускиот министер, повторно нагласи дека соборувањето на сирискиот режим ќе претставува грубо кршење на меѓународното право.
Лавров потврди дека Москва не добила било какви официјални барања од Багдад за проширување на воената операција против ИД во Ирак, без оглед на пишувањата на медиумите дека ирачкиот премиер Хајдер ал Абад упатил такво барање до Русија.
Ново на Сител
-

Од денеска само полнолетни смеат да возат електрични тротинети, забрането превезување и второ лице
-

Кривична против три физички и едно правно лице за затајување данок, го оштетиле Буџетот на РМ за 4.677.362 денари
-

36 годишен Црногорец „летал“ со 205 км/ч на автопатот кај Гевгелија, полицијата го уапси
-

АЕТМ: Е-трговијата во Македонија со двоцифрен раст
-

Неексплодирана граната со калибар 75mm извлечена од под вода во Црна Река кај село Радобор
-

Кривична за 18 годишна девојка и две малолетнички за насилството во Куманово
-

Масовен пречек на норвешките фудбалери во Осло
-

Рама: „Отворен Балкан“ се сметаше за ужасна идеја само затоа што Вучиќ и јас стоевме зад неа
