Лавров: Русија сака дипломатија, а не војна
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија сака дипломатија, а не војна, по американскиот повик да се „врати на преговарачка маса“ и да не ја напаѓа Украина.
– Ние го избравме патот на дипломатијата пред неколку децении, истакна Лавров во интервју што беше пренесено на неколку руски медиуми.
Тој нагласи дека Русија мора да работи со сите и тоа е нејзиниот принцип.
– Ако е до Русија, нема да има војна. Ние не сакаме војни. Но, нема да дозволиме нашите интереси грубо да бидат газени, игнорирани, рече шефот на руската дипломатија.
Акумулацијата на десетици илјади руски војници на границите на Украина во изминатите недели ги поттикна стравувањата од евентуална инвазија. Русија негира дека планира напад.
Американскиот претседател Џозеф Бајден предупреди дека постои можност Русија да ја нападне Украина следниот месец.
САД побараа в понеделник да се одржи седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата со Украина.
Ново на Сител
-
Осомничените за измама при купување парцели за изградба на фотонапонски волтаици на распит во Кривичен
-
Oд јули повисоки сметки за струја до 10 проценти, најави Бислимоски
-
Патријарх Кирил за СПЦ и МПЦ-ОА: Долгата поделба конечно е исцелена
-
Извештајот на ДЗР е уште една потврда за успешно и транспарентно работење, велат од Собранието
-
Изгоре половина куќа во Скопје, нема повредени лица
-
Кичевец подигнал околу 126.000 денари од туѓа платежна картичка
-
Со сила го внеле во „мерцедес“ и му се заканувале поради наводен долг
-
СЗО: Речиси 200 нови инфекции со мајмунски сипаници во повеќе од 20 земји